– Со концерт на македонската етно група „Баклава“, во Битола почна најновото издание на „Локум фест-музика и традиција“.
Во рамки на фестивалот, вечер во Битола гостуваат „Елиас ладино ансамбл“ од САД, а ќе биде претставена и изложба на авентични фотографии од Архивот во Битола на тема „La Mahalle – Битот на нашата ладино заедница“ од авторите Димитар Ѓорѓиевски и м-р Ивана Хаџиевска .
Фестивалската приграма вечер ќе заврши со втор концерт кој ќе го приреди словенечкиот музичар со македонско потекло, Васко Атанасовски, кој ќе настапи со промоција на албумот „Мелем“. Специјален гостин на концертот е македонската пејачка Добрила Грашеска.
„Локум фест-музика и традиција“ се одржува со поддршка на Општина Битола, Министерство за култура, Амбасадата на Република Словенија во Скопје, Генералниот конзулат на Република Грција во Битола, КИЦ Битола и Преда плус фондацијата MOST music.