Агенцијата за филм: Средствата за филмските проекти се потребни веднаш, не може да се чека прераспределба до крајот на годината

clapper-5699745_1280-750x500.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Реализацијата на филмските проекти мора да продолжи согласно предвидените динамики, велат од Агенцијата за филм.


Од тука нагласија дека во моментов најавени се два филма за снимање на локации во Македонија. Интернационалните екипи на земјите учесници кои се дел од овие проекти се веќе пристигнати во нашата држава. Финансиските средства кои се планирани за овие и останатите филмски проекти се потребни веднаш и не може да чекаат прераспределба на средствата помеѓу буџетските корисници и преземање на активности од страна на Министерството за култура до крајот на годината за исплата на договорените проекти.

Агенцијата предупреди на опасноста дека ако овие планирани средства не се стават во функција на проектите како што е планирано и не се исплатат веднаш, се нанесува директна штета на самите проекти бидејќи ќе се случи зголемување на буџетите изразено во илјадници евра и ќе се наштети на реномето на македонската кинематографија.

За ова да се спречи Агенцијата за филм предлага заедно со Министерството за култура да се разгледааат и ревидираат одлуките на министерството за прераспределба на средствата од причина што во спротивно штетата би била од огромни размери за македонската кинематографија која моментално е наш најголем културен амбасадор.

„Агенцијата за филм на Северна Македонија со ова соопштение и со сите дејствија кои ги превзема и предлага заедно со Министерствто за култура да се изнајде трајно решение за да се спречи трендот на кратење на буџетот за филмска дејност поради кој тренд во последните четири години буџетот за филмската дејност по основ на ребаланси е намален за 116.000.000,00 (сто шеснаесет милиони) денари и со тоа да изнајдеме системско решение за стандардизиран буџет за Македонската кинематографија“, велат од Агенцијата.

Претходно вчера, 53 режисери и продуценти во отворено писмо до Министерството за култура тврдеа дека се крати предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходно најава и без консулатации од Агенцијата за филм. Како што пишува во писмото, според неофицијални информации, на предлог од страна на Министерството за култура до Владата на Македонија доставен е предлог за кратење на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходна најава и без консултација со Агенцијата за филм.

„Доколку овие информации се точни и истите бидат изгласани во Собранието, ќе дојде до целосно блокирање на филмската дејност, бидејќи наведените средства се планирани за проекти од национален интерес кои се во тек на реализација. На овој начин се нанесува штета на и онака кревката филмска индустрија во Македонија и се доведува во прашање егзистенцијата на филмските автори, продуценти, филмски работници, актери и сите останати учесници во процесите на реализација на филмските проекти“, се вели во писмото.

Министерството за култура вчера објави дека не пристапило кон никакво кратење на буџетот во културата, а уште помалку на буџетот на Агенцијата за филм. Министерството потврди дека во моментов во собраниска процедура е донесување на одлука за прераспредба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите. Се наведува дека до крајот на буџетската година, Министерството ќе ги преземе сите активности за исплата на обврските согласно склучените договори, меѓу кои и кон Агенцијата за филм.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK