Samsung со новата серија Galaxy S26 покажа дека сака да го предводи развојот на мобилната вештачка интелигенција, а не само да ги следи трендовите. Galaxy S26, Galaxy S26+ и пред сè Galaxy S26 Ultra, се дизајнирани околу идејата дека телефонот треба да го разбере корисникот, да ги предвиди неговите потреби и да извршува задачи во позадина, додека тој се занимава со поважни работи.
Најмногу внимание е посветено на моделот Galaxy S26 Ultra, кој годинава го доби најмоќниот пакет хардвер досега. Во внатрешноста се крие прилагоден процесор Snapdragon 8 Elite Gen 5 за Galaxy, кој носи значителни скокови во перформансите. Процесорскиот дел (CPU) е побрз до 19%, графичкиот (GPU) до 24%, а најголемиот скок пристигнува кај невронската единица (NPU), која е за дури 39% помоќна. Ова е од клучна важност, бидејќи сè повеќе функции се извршуваат директно на уредот, без испраќање податоци во облак. Резултатот е побрзо генерирање содржини, поглатко префрлање помеѓу апликациите и чувство дека телефонот го разбира контекстот, а не само наредбите.
За таквата моќност да остане стабилна и при подолго оптоварување, Samsung го надгради и системот за ладење. Galaxy S26 Ultra има повеќеканален систем за ладење, 21% поефикасен од претходната генерација. Ова се забележува при играње мобилни игри, снимање видеа и користење на UI функции за кои се потребни повеќе ресурси, каде телефоните обично брзо достигнуваат високи температури. Во комбинација со супер брзото полнење 3.0, кое ја полни батеријата до 75% за половина час, моделот Ultra е очигледно дизајниран за корисници кои интензивно го користат телефонот и тоа без компромиси.
Посебен екран за оние кои ја ценат својата приватност
Екранот годинава е една од најинтересните новости во индустријата. Galaxy S26 Ultra го воведува првиот вграден екран за приватност – Privacy Display, кој физички го ограничува аголот на видливост и така спречува љубопитни погледи од страна. Станува збор за хардверско решение кое работи на ниво на поединечни пиксели и не влијае на квалитетот на сликата кога функцијата е исклучена. Кога е вклучена, видливоста за страничните набљудувачи се намалува. Ова е една од оние функции кои не ги забележувате додека не ви затребаат, а потоа не сакате да ги изгубите.
Слика која дава природен изглед
Samsung посвети многу внимание и на визуелната обработка. ProScaler го подобрува скалирањето на слики и видео и ги изострува ситните детали, додека mDNIe се грижи за поприродни бои и попрецизна обработка на сликата. Тоа значи дека подобрувањата не се случуваат само на ниво на сензори, туку и во дигиталната обработка, која денес е еднакво важна како и оптиката.
Камерата останува еден од најсилните адути на серијата Galaxy S26, каде што особено се истакнува моделот Ultra. Кај Galaxy S26 Ultra, главниот сензор од 200 мегапиксели прима речиси 50% повеќе светлина од претходно, а телефото камерата со 10-кратен оптички зум дури 37% повеќе. Ова се забележува пред сè кај ноќната фотографија и при зумирање, каде Samsung веќе неколку генерации ја држи водечката позиција. Видеото е постабилно благодарение на надградената функција SuperSteady, која сега овозможува и хоризонтално заклучување на кадарот. Galaxy S26 Ultra е и првиот Galaxy кој поддржува професионален видео кодек APV, што ќе ги израдува креаторите кои сакаат да ги монтираат снимките без загуба на квалитетот.
Уште попаметни алатки за секојдневието
Вештачката интелигенција годинава е попроактивна. Функцијата Now Brief е унапредена и учејќи од личниот контекст, нуди персонализирани резимеа и потсетници. Телефонот знае да ги поедностави задачите кои се во повеќе чекори, како што е резервација на превоз, и тоа без префрлање помеѓу апликациите.
Серијата Galaxy S26 истовремено ги поедноставува и честите визуелни задачи кои претходно одземаа време. Скенирањето документи сега е речиси целосно автоматско, бидејќи телефонот сам ги отстранува изобличувањата, наборите или прстите на работ од сликата и повеќе снимки ги здружува во единствен, чист .PDF документ.
Серијата Galaxy S26 вклучува и избор на AI агенти, меѓу кои се Bixby, Gemini и Perplexity. Bixby годинава е надграден во конверзациски асистент кој подобро го разбира природниот јазик и овозможува потечна комуникација со уредите Galaxy.
Денес мораме да внимаваме и на безбедноста на телефонот
Повеќеслојната заштита е во срцето на новата Samsung серија Galaxy S26. Knox останува темел на безбедносната архитектура, а годинава е надграден со пост-квантна криптографија. Вградениот Приватен албум овозможува криење на чувствителни фотографии и видеа без дополнителни апликации.
Knox Matrix ја проширува заштитата и на другите уреди во екосистемот Galaxy. Идејата е едноставна: телефонот веќе не е осамен остров, затоа безбедноста мора да биде усогласена на ниво на целиот екосистем.
Функцијата Проверка на повици, поддржана од вештачка интелигенција, ги препознава непознатите броеви и ја сумира целта на повикот пред корисникот да одлучи дали ќе го прифати. Исто така, предупредувањата за приватност во реално време го известуваат корисникот кога некоја апликација се обидува да пристапи до чувствителни дозволи како локација или контакти.

Што друго нуди Samsung?
Samsung подготви специјална понуда за сите оние кои ќе го нарачаат својот нов уред од Galaxy S26 серијата. Во период од 25 февруари до 4 март 2026 година, купувачите можат да го дуплираат просторот за складирање, истовремено заштедувајќи. Во пракса, ова значи за нарачка на модел со 256 GB меморија, ќе добиете верзија со 512 GB, без да доплатите ни денар. Време е да го искористите максимумот! Дознајте повеќе на: https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-s26/