„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

Provozsi se PR
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ПроКредит банка и Mastercard ве носат на возбудливо возење, со новата наградна игра „#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard”, создадена да ве инспирира да негувате здрави животни навики. Наградната игра „#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” ги поддржува основните вредности за кои ПроКредит банка се залага како одговорна компанија – поттикнување на култура на штедење, целокупно подобрување на квалитетот на животот, грижа за нашата животна средина и промовирање на здрав животен стил.







 #ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard: Вози кон позелена иднина!

Од 19 мај до 30 септември 2023 година, сите нови клиенти на ПроКредит банка имаат можност да учествуваат во наградната игра и да добијат еден од 20-те градски велосипеди. Право на учество има секое полнолетно физичко лице кое ќе отвори сметка во ПроКредит банка и ќе изврши најмалку 5 картични трансакции со било која вредност со дебитната Mastercard картичка, во текот на времетраењето на наградната игра. Аплицирањето за отворање нова платежна сметка во ПроКредит е целосно онлајн.

Извлекувањето на наградите ќе се одвива во два круга, на 19 Јули и на 2 Октомври, а листата на добитниците ќе биде објавена на интернет страница на ПроКредит банка.

Придружете се на #ПроВозиСе, започнете поздрав начин на движење и одберете банка која го гледа светот на ист начин како и вие.

ПроКредит продолжува да делува како компанија која е пример за одговорност и да поставува стандарди за одржливост, одговорност и етичност, со силен фокус на зелените инвестиции и дигитализацијата.

Правилата за наградната игра се достапни на интернет страницата www.pcb.mk/provozise. Наградната игра е наменета за сите полнолетни граѓани и се организира на територијата на Република Македонија.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK