­

AETM: За помалку од 7 дена собрани 45.000+ гласови за изборот на најдобрите во македонската е-трговија, гласајте и вие!

Mediumi 1920x1080
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Гласањето за најдобрите македонски е-продавници во рамки на четвртиот избор „E-commerce Awards 2024“, организиран од Асоцијацијата за е-трговија, е во полн ек. Оваа година, јавноста има можност да избира помеѓу 200 македонски е-продавници кои ги исполнуваат критериумите за учество. Најдобрите домашни е-трговци за 2024 година се натпреваруваат во 23 категории, поделени во три секции. Категориите вклучуваат: „Најпопуларна е-продавница“, „Е-продавница за храна и пијалаци на годината“, „Најдобра веб-страница за плаќање на сметки“, „Најдобра новоотворена е-продавница за 2024 година“, „Е-трговец на годината“ и други. Досега се собрани повеќе од 45.200 гласови од јавноста, што ја потврдува високата заинтересираност за изборот „E-commerce Awards 2024“.

Како да се вклучите во изборот и да ги поддржите вашите омилени е-продавници?

Гласањето е бесплатно и отворено за сите граѓани на официјалната веб-страница: www.ecommerceawards.mk. За да гласате, потребно е да внесете валидна е-мејл адреса. Во секоја категорија може да гласате само еднаш, а задолжителни категории за гласање се „е-трговец на годината“ и „најпопуларна е-продавница“ До сега се собрани повеќе од 45.200 гласови од јавноста, а гласањето од јавноста ќе трае до 10 февруари 2025 година, до 23:59 часот.


Како се одредуваат победниците?

По завршување на јавното гласање, следува гласање од стручно жири. Гласовите на публиката ќе учествуваат со 60%, а гласовите на жирито со 40% во конечниот резултат. За категоријата „најпопуларна е-продавница“ се земаат во предвид само гласовите од публиката. Победниците со најмногу гласови ќе бидат прогласени на свечен настан во март 2025 година, каде ќе им бидат доделени престижни статуетки и виртуелни беџови за да ги постават на своите веб страници. Овие признанија ќе можат да ги користат за зголемување на довербата кај купувачите и како маркетинг алатка за привлекување нови купувачи

Зошто е важен изборот на најдобрите е-продавници?

Наградите „E-commerce Awards“ имаат клучна улога во промоцијата на позитивните практики во е-трговијата. Тие помагаат да се истакнат и наградат најдобрите е-продавници како примери за успех, иновација и професионалност. Со тоа се поттикнува здрава конкуренција која го движи секторот напред и придонесува за неговиот развој. Дополнително, наградите ја подигнуваат свеста за значењето на е-трговијата како важен дел од економијата, што помага во борбата против сивата економија и ја зголемува довербата на потрошувачите кон е-продавниците. Оваа година наградите се организираат со поддршка на PRIME партнерот ИУТЕ, како и други партнери од приватниот сектор.

Повеќе детали за изборот може да погледнете на официјалната веб страница:

https://ecommerceawards.mk/.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK