„Ќе биде добро, но и турбулентно“, вели Магнус Линквидст, познат футуролог, кој беше еден од говорниците на конференцијата ReThink the Status Quo во Белград. Линквидст открива како трендовите ќе влијаат на нашиот живот, општество и работата во иднина.
Колку само би сакале да знаеме што ќе се случи утре, за еден месец или дури за 10 години. Оваа љубопитност има движечка моќ. Во овие предизвикувачки времиња, нечиј шепот дека сè ќе биде во ред би бил мотив и за работата и за животот.
„Ќе биде добро, но и турбулентно“, изјави Магнус Линквидст, светски познатиот футуролог и говорник, на конференцијата ReThink the Status Quo во Белград, каде ги собра сите симпатии од публиката.
„Гледајте што прават другите и направете го спротивното. Ако сите се копираат едни со други, нема да стигнеме никаде. Експериментирајте, ’танцувајте’ со правилата, немојте слепо да ги следите и не се занесувајте во моментниот успех“, е една од главните пораки што ги испрати.
Магнус вели дека не постојат само оптимизам и песимизам, туку и среден пат, кој тој го нарекува „посибилизам“. Тоа се всушност нови можности или разбирање на светот на нов начин.
„На пример, Филип Морис создава „свет без тутунскиот чад“, а тоа е воедно и првата компанијата од тутунската индустрија, која пред повеќе од десет години постави нова цел и мисија. А кога се работи за бизнисот денес, вели: „Кај малите компании не гледам бунтовнички начин на размислување, радикализам што го карактеризираше бизнисот претходно. Денес гледам многу луѓе со сомнителен бизнис план и се прашувам како ова ќе го промени светот?!
Ве слушавме на конференцијата, зборувавте доста за денешните трендови и пазари, но и за конкурентноста на работниците. На кој начин актуелните трендови можат да ни помогнат да ја предвидиме иднината?
Предвидувањето денес е тешко, ако не и невозможно. Трендовите не служат како алатка за предвидување, туку би рекол дека се инспиративна алатка. Бидејќи, од една страна, економистите, новинарите и премиерите можат да си дозволат луксуз на песимизам, компаниите мора да имаат доза на оптимизам, колку и да тргне работата наопаку. Ако дозволите цинизам во општеството, брзо ќе пропадне. Затоа, потребни се некои извори на енергија, чувство за можности, односно надеж. Јас тоа го нарекувам „посибилизам“.
Но, како да се постигне тоа во ова време кога сите зборуваат за криза, економска енергетска…?
Да, луѓето зборуваат и за инфлација, геополитички конфликти, антиглобализација. Да се потсетиме пред дваесет години кога постоеше само оптимизам – во тек беше дигиталната револуција и фантастичната глобализација. Сето тоа постои и денес. Понекогаш се однесуваме како во ситуација кога ќе се прејадеме и ќе заборавиме на гладот. Слично на тоа, кога сме дистописки песимисти, не можеме да се сетиме на оптимизмот. Лично, мислам дека инфлацијата е главно резултат на пандемијата. Не дека треба да гледате подалеку од насловите на вестите. Морате всушност, до одреден степен, да работите против, бидејќи новинарството често се занимава со вести, драма… Мора да се оди подалеку од тоа и да се види што се случува во други аспекти. Внимателно да се избераат вести, да се биде внимателен со гласините, лажни информации.
Оваа конференција првенствено се занимаваше со донесување поздрави, односно помалку штетни одлуки. Кои се вашите?
„Се сеќавам дека пред 40 години многу се плашев од стареење и смрт, мислев дека во младоста се случуваат убавите работи и дека за мене се завршува таму. Потоа стекнав образование и со текот на времето сфатив колку е погрешно размислувањето. Повеќето од добрите работи се случуваат подоцна во животот: Најинтересните идеи ви текнуваат подоцна; Подоцна ги запознавате најинтересните луѓе. Прилично е исто каде и да одите низ светот. Станувате личност која што требало да бидете. Денес на тоа гледам поинаку. Свесни сме дека не живееме вечно, но не мора активно да ги уништуваме нашите тела. Можеме да се грижиме за тоа и да прифатиме некои работи кои не се нужно здрави, но ни овозможуваат помал ризик. Животот треба да се живее на таков начин што ќе го намали ризикот (кој е насекаде околу нас).
Колку е добриот говор важен за конечната одлука што ќе ја донесе корисникот/слушателот? Вашите зборови секако имаат извонредна моќ кога е во прашање ултимативната порака, а ние тука ве гледавме на сцената – дали публиката може да остане без зборови?
Повеќето луѓе не сакаат да носат одлуки. Навистина, многу луѓе бараат секакви изговори за да избегнат да донесуваат одлуки. За нас лично, одлуката треба да ја донесеме сами, затоа, личната одлука е една од најтешките. Верувам дека е тешко да се соочите со некоја одлука и потоа да ја донесете. Она што го правам кога држам говор е што се обидувам да го преформулирам – на пример давам избор помеѓу фосилните горива и обновливите извори, да се увидат сите начини на производство на електрична енергија.
Ако мислите дека вашиот живот е натпревар каде прво треба да добиете добри оценки на училиште, потоа добра работа, а потоа добра плата, тоа е пирамида каде ја губите перспективата што јас ја нарекувам создавање. Таму можам да придонесам со мојот говор, но немам комплекс на месија. Тоа е професија како и секоја друга. Некои од нас се добри во поставување прашања, некои во држење говори, некои во пишување книги. Сеедно, ако можам да поставувам нови прашања или да ги поставувам истите прашања, но на нов начин, тогаш сум на добар пат.
Зошто малите идеи се важни во светот на големите наративи?
Живееме во свет во кој има многу спротивставени страни. Сите тие се големи теми. Сепак, иднината е често во малите, лични моменти, како што ги создава Мелита Бенц, германска домаќинка. Малку била фрустрирана што кафето во прав ѝ паѓа во шолјата, па земала хартија од децата наменета за училишни задачи, го полила кафето и добила само течност, без зрна – така Мелита го измисли филтерот. Личен момент, фрустрација. Често така се раѓа иднината – во длабоко личните моменти и донекаде малку несфатените поединци. И тоа за мене е фантастична утеха.
Верувате дека во нашиот ментален простор надворешниот свет се судира со човечкиот мозок. Што се случува при тој „судир“? За каков вид на процес се работи и што може да се случи после него?
Мозок. Не сум експерт за мозок. Сфатив дека невронауката е млада наука (не мора да убиваме луѓе да го разбереме мозокот). Сега можеме да го видиме на дело. Сè уште тоа е голема област, речиси како простор. Тоа е голема мистерија.
Сепак, иднината исто така често се раѓа во мозокот, нели? Си велите „Сакам да го направам ова како што треба“, или „Можеби ова ќе се случи“. Но, тогаш го имаме остатокот од светот и 7 милијарди мозоци, како и физичките сили, гравитацијата – за мене тоа е судир. Кога овие две сфери, вашиот внатрешен свет, начинот на кој работи вашиот мозок ќе се судри со светот на земјините индустрии, космосот, се случува „големата експлозија“. Така ни е секој ден.
Посебно денес?
Да, особено денес. За мене тоа беше Белград. Прв пат сум овде и ми се случи голем удар во мозокот. И порано сум престојувал во Сараево, Загреб, но Белград е поинаков, се чувствувам како да сум во Лондон или Њујорк.
Како го гледате светот за пет или десет години? Дали и на кој начин ќе го промениме со подобри одлуки?
Денес верувам дека поголемиот дел од човештвото е добро. Многумина го прават она што им одговара и повеќето се стремат кон тоа – да живеат добар, нормален живот. Од друга страна, дури и кога ќе се разбудиме од лагата, можеме да го обновиме светот на подобра основа. Само погледнете ја животната средина – можеме да изградиме подобра средина за глобализација, отворени граници. Можеби треба да го направиме тоа на поинаков начин. Технологијата не е секогаш добра. Овие работи, долгорочно гледано, ни помагаат да создадеме подобар свет.
Следните десет години ќе бидат предизвикувачки и турбулентни. Но, исто така знам низ историјата, дека создаваме „подобро утре“. Кога работите тргнуваат наопаку, кога времињата се турбулентни, ние пишуваме подобри книги, создаваме потешки дела, полесно се заљубуваме. Тоа создава добра економија, долгорочна политика. Се наоѓаме на интересно патување.