Интервју со Иван Неделковски, CEO на Exelerate

exelerate_Team-photo-678x381
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонскиот Екселерејт ги гради стартапите на иднината во Европа и пошироко.

Се запознаваме со Екселерејт, млада компанија која e основана кон крајот на 2020тата, во екот на самата пандемија, а за помалку од две години успева да создаде тим од 15 луѓе и силно да се позиционира на глобалниот пазар. Еден од основачите на Екселерејт е Иван Неделковски, претприемач кој визијата за Exelerate ја гледа во помагање на млади стартапи да се реализираат и пораснат.



Во кратки црти дали може да ни кажеш малку повеќе за Екселерејт?

Екселерејт е стартап што гради други стартапи. Поточно, влегуваме во партнерство со други стартапи како нивни технички ко-основач и продукт девелопмент тим. Нашето партнерство се базира на симбиоза, иако ние стапуваме како технички ко-основачи, нашето партнерство се базира на многу повеќе од тоа; ние се вклучуваме во сите аспекти на продуктите на нашите партнери и се стремиме да го извадиме најдоброто од нив. Нашиот тим на професионалци се стреми да ја оствари визијата на нашите партнери без разлика на тоа колку таа звучи неизводлива. Крајната цел на нашите партнери е нашата крајна цел.

Што е тоа што ве привлече кон стартапи, а не веќе добро ситуирани фирми со значително поголем буџет?

Развивање стартапи е попредизвикувачки, но и значително понаградувачки од работа на ентерпрајз проект. Работејќи на стартапи, ние имаме шанса да бидеме дел од наредниот Убер, Фејсбук, Спотифај, односно стартап кој што би имал огромно влијание на светот на глобално ниво.

Понатаму, бидејќи влегуваме рано во животниот век на проектите кои што ги работиме, имаме голема креативна слобода во однос на тоа каде да го насочиме продуктот на кој што работиме.

Таа привилегија е ретка кога работиш на ентерпрајз проект и клиентот решил да соработува со тебе затоа што нудиш поевтина работна сила од локалната.

Главната причина зошто нашите партнери одбираат да работат со нас е затоа што сакаат да имаат долгорочен технички партнер кој што е експерт во развивање стартапи, а не само да го намалат трошокот на развој на софтвер.

Дали може да ми објасниш зошто баш Екселерејт, што всушност значи ова име и како стигнавте до тоа?

Има две приказни во врска со нашето име, едната е дека фонично Екселерејт се изговара исто како англискиот збор за “забрзува” и тоа е баш тоа што сакаме да го постигнеме кај нашите партнери. Да го забрзаме нивниот раст и да им помогнеме што е можно побрзо да ги постигнат своите цели.

Втората приказна е поблиска до вистина и е дека мислевме дека звучи и изгледа кул.

Дали може да ми кажеш кои се предностите на работење во стартап пред големите компании?

Последните 2 години ни докажаа дека стартапите се посилни од тоа што сите претходно мислеа. Всушност, стартапите беа многу поподготвени, за разлика од останатите компании, да се справат со предизвиците кои произлегоа од пандемијата. Кога станува збор за предностите, сметам дека некои од нив се: динамична атмосфера која го крши итеративниот процес присутен кај типичните компании, стартапите имаат иновативни и уникатни работни култури и нови и креативни начини на решавање на проблеми. Исто така, самиот професионален и личен развој во еден стартап е многу по голем поради самата динамика на работата. Но, лично мислам дека најголемиот преднос кај стартапите е тоа што е уважен придонесот на секој еден вработен, односно вработениот не е само мало делче од една огромна машинерија. Твојот удел значи нешто и ти растеш заедно со самиот стартап.

Имате тим кој постојано расте. На кои начини може да се дознае повеќе за вас и вашите отворени позиции?

****Само во изминатата година нашиот тим порасна за 400%. Секогаш сме отворени за соработка со амбициозни и креативни професионалци кои сакаат да ги прошират и да ги усовршуваат своите знаења. Моментално бараме Full-stack Engineers, Product Designers, Blockchain Developers, Project Managers и неколку други позиции кои што може да ги најдете на нашата веб страна. Исто така мислам дека е многу важно да ја спомнам и нашата програма за практиканти. Оваа програма се базира на менторски пристап, каде што сакаме да интегрираме млади професионалци во сферата на стартапи и да ги обучиме како да градат еден стартап. Се работи за искуство и знаење кое што ќе им служи низ целата нивна кариера. Крајната цел на оваа програма е вработување во Екселерејт, со што ќе започнат едно многу уникатно поглавје во нивниот живот.

Со кои технологии работите и која е техничката подготвеност на тимот?

Како примарна фронт-енд технологија користиме NextJs (рамка за изградба на веб апликации), додека NodeJs и Express ги користиме за бек-енд. За изградба на мобилни апликации користиме React Native.

Заедно со тоа, Typescript како примарен јазик ни овозможува секој инженер да се стекне со експертиза во горе наведените технологии и да ги владее истите, како и да изградиме робустен и лесно одржлив софтвер.

Предоминантно градиме сервисно ориентиранa, серверлес архитектура врз гугл клауд и амазон клауд користејќи разни сервиси.

Со овие технологии овозможуваме двојна вредност- брз развој и валидација на стартап компании во рана фаза (од идеја до маркет), како и обучување на секој инженер во Full stack, low-ops експерт.

Горенаведените технологии служат како основа за нашиот “technology stack”, и комплементарно на нив користиме разни специјализирани технологии по индивидуална потреба за секој стартап.

Тука може да го издвоиме и нашиот експертен тим за вештачка интелигенција и машинско учење кој што го користи Python и сите пропратни библиотеки за работа во таа сфера како и други технологии во таа област како Redis, SparkML, PowerBI, QlikSense и многу други.

На вашата страна прочитавме дека “ 1 година во Екселерејт не е исто како година на друго место”, што ви значи ова?

Комбинацијата на “office-first” културата, типот на проблемите што се решаваат и динамичната атмосфера со 1:1 менторство ни покажа дека резултира во атмосфера која што е оптимална за развивање на талентите во експерти.

Како резултат на сѐ тоа, според нас, член на Екселерејт се развива два до три пати побрзо во однос на друга конкурентна фирма, посебно кога станува збор за јуниор позиции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK