Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степена. УВ=10
Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 40 степени.
Под влијание на топол бран и во следниот период ќе се задржи стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени, а утринските во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени. Особено топло утре ќе биде во целава земја, а во петок во јужните делови кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.