ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 мај.
Денеска е Св. Епифаниј Кипарски.
Епифаниј беше по род Евреин, но откако ја увиде силата на Христовата вера се крсти заедно со сестра му Калитропија. На свои 26 години се замонаши, а подоцна основа и свој манастир. Неговите подвизи, мудроста и дарот на чудотворство го прославија низ цела Палестина и Египет. Бегајќи од човечката слава тој се сретна со свети Пафнутиј, кој му прорече дека ќе биде епископ на Кипар. Така и се случи по некое време. Во неговата 60 годишна возраст беше и против негова волја избран за епископ во градот Саламина, со чија црква управуваше 55 години. Се упокои во 403 година во длабока старост.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Св. Гргур Седми.
Тој е најпознатиот папа во средниот век, познат како голем обновувач на Христовата црква. Бил роден во тосканска Савоја, во 1020 година. Стапил во духовниот сталеж, а во 1073 година бил избран за папа. Се залагал за соединување на Источната и Западната црква. Се борел против мешањето на царот во внатрешните работи на црквата. Во 1074 година вовел строги мерки против световните владетели. Бил измачуван за време на прогонствата и умрел во 1085 година со зборовите: „Ја сакав правдината, ја презирав неправдата и затоа умирам во прогонство“.