УХМР: Најмногу дожд наврна во Пожар

dozd_2342342343
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Во текот на изминатото деноноќие најмногу дожд од 47 литри на метар квадратен наврна во Пожар.

Како што информираат утрово од УХМР, во Берово наврнало 31 литри на метар квадратен, потоа 26 во Штип, 24 во Скопје-Зајчев Рид, 22 во Ѓуриште, 21 во Демир Капија и Крива Паланка, 19 во Скопје-Петровец и Охрид, 17 во Тетово, 16 во Струмица, 15 во Прилеп, 14 во Виница и Претор, 13 во Попова Шапка и Кавадарци, 12 во Крушево, 11 во Лазарополе, 8 во Пожаране, 4 во Битола и Велес, 3 во Гевгелија и Дојран и 1 Тополчани.


Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на Упрвата за хидро-метеоролошки работи. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Според УХМР најниска температура во текот на ноќта е измерена во Лазарополе 8 степени Целзиусови, а потоа следуваат Попова Шапка со 9 степени, 10 се измерени во Маврови Анови, 11 во Крушево, 12 во Претор, 14 во Тетово, Охрид и Битола, 15 во Скопје-Зајчев Рид и Прилеп, 16 во Скопје-Петровец, Берово, Крива Паланка и Виница, 17  во Велес, Штип и Струмица, 18 во Кавадарци, 19 во Демир Капија и 20 во  Гевгелија и Дојран.

Денеска претпладне времето ќе биде променливо облачно со услови за локален слаб дожд и појава на ретки грмежи. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и посвежо време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 30 степени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK