Сончево и многу топло со мала облачност и со умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец

sonce
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец (на повеќе места со брзина над 60 км/час). Кон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен, повремено силен северен ветер и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 42 степена. UV=9







Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Во четврток ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени, ќе дува засилен северен ветер, а ќе има и услови за краткотраен локален дожд. Потоа времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK