Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – Радовиш, коловозите влажни

vlazen_3453454233
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Сообраќајот на патниот правец Струмица – Радовиш по синоќешната сообраќајка, ноќеска е нормализиран, соопшти АМСМ.

Утрово сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK