На денешен ден

denesen_den_345345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

1430.- Во Стогодишната војна во Кампиења била заробена француската национална хероина Јованка Орлеанка и им била предадоа на Англичаните. Била изведена пред црковниот суд, а во 1431 година и осудена на смрт.

1514.- Во Унгарија почнала селанската буна под водство на благородникот Ѓерѓ Дож. Унгарските селани кои барале враќање на „старите права“, по четиримесечни борби зазеле поголем дел од територијата. Војската на Дож била разбиена кај Темишвар, а загинале околу 70.000 востаници. Ѓерѓ Дож бил свирепо убиен.


1707.- Роден е шведскиот научник Карл фон Лине, основач на модерната систематика во биологијата. Бил основач и прв претседател на Шведската академија на науките и на Природнонаучниот музеј. Дела: “Systema naturae”, “Philosophia botanica”, “Genera plantarum”, Species plantarum”.

1848.- Роден е германскиот инженер и пронаоѓач Ото Лилиентал, еден од пионерите на авијацијата. Во 1896 година го конструирал првиот двокрилен планер и истата година загинал при изведување на пробен лет.

1883.- Роден е американскиот актер Даглас Елтон Улман, познат како Даглас Фербанк, многу популарен во периодот на немиот филм. Филмови: „Во знакот на Зоро“, „Тројцата мускетари“, „Црниот пират“, „Робин Худ“, „Багдадскиот крадец“.

1886.- Умрел германскиот историчар Леополд фон Ранке, професор на Берлинскиот универзитет и член на Пруската академија на науките, кој главно се бавел со историјата на германските и романските народи, но пишуваше и за народите од централна и југоисточна Европа. Дела: „Историја на Франција“, „Историја на Англија“, “Римските папи“.

1905.- Со ираде – указ на турскиот султан Абдул Хамид, Власите се признати како посебен народ во турското царство. Поради значењето на овој датум, Лигата на Власите од Македонија го прифатила како национален ден.

1906.- Во Осло умрел Хенрик Ибзен, норвешки писател и драматург. Во своите дела го критикувал современото буржоаско општество. Негови најзначајни дела се „Нора“, „Комедија на љубовта“, „Привидение“ и „Непријател на народот“. Роден бил на 29 март 1828 година.

1908.- Роден е американскиот физичар Џон Бардин, добитник на Нобеловата награда за физика во 1956 и во 1972 година. Заедно со Вилијам Шоклиј го пронашол транзисторот.

1939.- Адолф Хитлер обраќајќи им се на највисоките германски воени команданти ја објавил намерата да започне светска војна. „Овој пат нема многу да расправаме. Ќе имаме војна. Одлучив да ја збришам Полска. Од успехот на овој потфат зависи и успехот на се што потоа ќе

дојде. Ние сега одлучуваме за судбината на Германија за илјада години“. Втората светска војна почнала со инвазијата врз Полска, на 1 септември 1939 година.

1945.- Германскиот воен злосторник Хајнрих Химлер, шеф на злогласната нацистичка полиција Гестапо од 1936 година, извршил самоубиство. Еден од најблиските соработници на водачот на Третиот рајх Адолф Хитлер се убил еден ден откако Британците го заробиле.

1949.- Основана била Сојузна Република Германија, со Бон како главен град.

1951.- Роден е рускиот велемајстор Анатолиј Евгеневич Карпов, еден од најуспешните турнирски играчи во историјата на шахот.

1960.- Властите во Израел соопштиле дека е уапсен поранешниот нацист Адолф Ајхман, на кој ќе му се суди како на воен злосторник.

1971.- Во земјотрес кој го разорил градот Бингол во источна Турција загинале најмалку илјада луѓе.

1992.- Во Струга во организација на Сојузот на студентите на Република Македонија почнала Првата македонска универзијада.

1993.- На Градскиот стадион во Скопје се одиграл финалниот натпревар на Фудбалскиот куп на Република Македонија меѓу Вардар и Пелистер, 1:0. Голот го дал Жанко Савов во 83 минута. Вардар станал прв победник на Фудбалскиот куп на Македонија.

1994.- Во Лос Анџелес умрел Џо Пас, прославен американски гитарист, еден од најголемите гитаристи во историјата на џезот. Роден бил во Њу Брунсвик во 1931 година.

1995.- Република Македонија и Украина воспоставиле дипломатски односи.

1997.- На претседателските избори во Иран убедливо победил предводникот на умерената политичка струја Мухамед Хатами.

2004.- Хорст Келер, поранешен директор на Меѓународниот монетарен фонд и претседател на Европската банка за обнова и развој, бил избран за деветти повоен претседател на Германија со мандат од пет години.

2004.- Најмалку 34 луѓе загинале во судирите меѓу американските сили и следбениците на шиитскиот радикален водач Моктад ел Садар во ирачките градови Куфа и Наџаф.

2007.- Изречена била пресудата на дванаесетмината обвинети за убиството на претседателот на владата на Србија – Зоран Ѓинѓиќ. Осудени биле на вкупно 378 години затвор.

2015.- Во Скопје на 78-годишна возраст починал познaтиот композитор и музички продуцент Димитар Масевски, кој беше еден од основоположниците на македонската забавна музика. Во текот на својата музичка активност Масевски има продуцирано околу 2.000 композиции. Тој е авторот на композицијата „Последна солза“, која ја пеела Блага Видец и која претставува првата забавна мелодија испеана на македонски јазик. Масевски е автор на првата детска песна на македонски јазик „Рингишпил“, а компонирал и музика за тв-серии и театарски претстави. Во 21 век, Масевски започнал да компонира новосоздадена фолклорна музика. Тој

бил еден од организаторите на обновениот „Скопски фестивал“, кој во знак на неговото творештво, во 2014 година му ја доделил наградата за животно дело.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK