Изминатите 24 часа најмногу врнежи во Радовишкo, Беровско, Штипско, Скопско и Светиниколско

dozd_#53454353454
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Изминатите 24 часа најмногу дожд паднало во Радовишкo, Беровско, Штипско, Скопско и Светиниколско, покажуваат информациите од метеоролошките станици во земјава.

-Врнежите кои паднаа на целата територија на државата беа со различен интензитет, а измерените податоци на хидролошките мерни станици покажуваат незначителни покачувања на водостојот. Сепак веруваме дека на одредени помали водотеци каде немаме мерни хидролошки станици покачувањата биле поголеми, информираат велат од Управата за хидрометеоролошки работи, сектор хидрологија.


Оттаму додаваат дека во текот на денот, покачените нивоа на водотеците ќе продолжат да се намалуваат до стабилизирање на состобата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK