Без вода повеќе улици во Кисела Вода

voda
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје известува дека денеска, од 08.00 часот, без вода ќе бидат повеќе улици во општина Кисела Вода: „Иван Козаров“, „Петар Дељан“, „Киро Крстевски“, „Боте Ботевски“, „Марко Цепенков“, „Доситеј Обрадовиќ“ и „Мишко Михајловски“, како и дел од корисниците од улиците „Вера Јоциќ“, „Христо Татарчев“, „Пушкинова“, „Ѓорѓи Димитров“ и „Божидар Аџија“.







Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на шибер од ф – 200 мм на улица „Христо Татарчев“ бб – спроти општина Кисела Вода.

Корисниците ќе бидат без вода од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK