Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска без вода ќе бидат делови од општините Центар и Аеродром.
Поради водоводен приклучок од ф80мм на ул Владимир Назор бр.8 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Владимир Назор и дел од улицата Кумровец во општина Центар од 11:00 часот до завршување на интервенцијата.
Поради уличен дефект ф100 мм на улицата 1 Долно Лисиче бб општина Аеродром, прекинато водоснабдување ке имаат корисниците од населено место Долно Лисиче од 10:00 до завршување на интервенцијата.