ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради уличен дефект ф-100 мм на улица Нерешка 3, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Нерешка, улица Теодосие Синаетски и дел од улица Жданец во општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради уличен дефект ф-100 мм на улица Невеска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Невеска, Воденска, дел од Разловечко Востание и дел од Волгоградска во општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот, соопшти „Водовод и Канализација“.