– Од 9 часот денеска без вода ќе останат дел од жителите на бул. Мајка Тереза, како и дел од корисниците од ул. Боро Петрушевски во Општина Центар.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на затварач, а корисниците без вода ќе останат се до санирање на дефектот.