Без струја денеска дел од општините Бутел, Ѓорче Петров и Центар

Без-струја-денеска-дел-од-општините-Бутел-Ѓорче-Петров-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ЕВН Македонија известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел, Ѓорче Петров и Центар.



Во периодот од 06.00 до 15.00 часот, струја ќе немаат дел од корисниците од населба Визбегово, дел од корисниците од ул.2, како и дел од објектите лоцирани околу фирмата Пантер – Мис во општина Бутел.

Како што информираше ЕВН, во периодот од 09.00 до 14.00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата Лихнида лоцирани во близина на СУГС Кочо Рацин во општина Ѓорче Петров, а во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од булеварот Теодосиј Гологанов лоцирани на потегот од Католичката Црква до улицата Аминта Трети, како и дел од корисниците од улица Костурски Херои во општина Центар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK