Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош, Кисела Вода, Чаир и Ѓорче Петров.
· Од 11,00 часот до 13,00 часот булеварот Партизански Одреди бр.93 влез 4 во општина Карпош;
· Од 09,00 до 14,00 часот дел од улицата Дарвинска, населба Драчево во општината Кисела Вода;
· Од 08,30 до 13,00 часот улицата Славеј Планина, дел од улицата Прохор Пчински кон џамијата, дел од улицата Пластичарска, објектите околу Мармарис, улицата Топанска и објектите околу Теќето во општина Чаир;
· Од 09,00 до 15,00 дел од корисниците на улицата 103 од кружен тек Волково кон црквата во општина Ѓорче Петров.