На Табановце за излез од државава се чека околу половина час

tabanovce_56756767556
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На граничниот премин Табановце поради зголемена фреквенција на возила, за излез од државата времето на чекање е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.







Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK