На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

granica
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


Од настанатите поплави на 14.06.2003 год. во Делчево и околината оштетени се темелите на мостот на Црвенска река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

Регионалниот пат од с.Извор кон Прилеп, поточно с. Степанци Општина Чашка кон Прилеп е со наноси од земја и кал поради дождот и истиот е непрооден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK