На ГП „Табановце“ зголемена фрекфенција на возила, се чека половина час

tabanovce_56756767556
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На ГП „Табановце“ за влез во државата се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK