На граничните премини Богородица и Табановце има зголемена фреквенција на возила и се чека од 15 до 30 минути за излез од државата на Богородица и за влез и излез на Табановце. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.