Жител на струмичко Дабиле исчезна во водите на браната кај село Дрвош

stumica mvr
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

М.П. (29) од струмичкото село Дабиле вчера исчезнал во водите на браната кај селото Дрвош, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според информацијата оттаму, вчера во 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П.(29) од село Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол.


За настанот бил информиран Центарот за управување со кризи и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK