Затвореник во „Шутка“ претепал полицаец и избегал, информира МВР.
„На 15.03.2024 околу 16.50 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Скопје, осуденикот А.А.(24) од Скопје физички нападнал полициски службеник и побегнал од затворот“, велат од министерството за внатрешни работи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.