Полицијата синоќа приведе затвореник од Струмица, кој минатата недела успеал да побегне од струмичкиот затвор.
„На 14.03.2024 во 23.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го привеле Г.П.(41) од Струмица, кој на 09.03.2024 во Полициската станица Струмица бил пријавен дека избегал од Казнено – поправната установа Затвор Струмица“, објави МВР.
Лицето било предадено во затворот.