Вработен во телекомуникациска компанија загина додека извршувал работни задачи во Елшани, Охрид.
Според информациите на МВР, вчера во 14:40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека Н.К.(48) од охридското село Лескоец, вработен во телекомуникациска компанија, при извршување работни задачи во селото Елшани, паднал од бандера.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршија јавен обвинител, трудов инспектор и полициски екипи.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.