Вчера попладне во 14.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Дабиле, струмичко, 75-годишниот П.Б. од село Дабиле, управувајки трактор „имт“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над тракторот и се превртел, извести МВР.
– Од здобиените повреди П.Б. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.