За четири месеци во Тетово „пајак-службата“ подигнала 1440 возила

pajaksluzba tetovo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во периодот од јануари до април односно за четири месеци СВР Тетово има евидентирано дека се преземени 906 мерки за неправилно паркирање, а 1440 возила се подигнати од пајак-службата.

Најголемиот број од мерките се однесувале на паркирање на недозволени места и во таканаречени „двојни-редови“.


-Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, во координација и со тетовската локална самоуправа, секојдневно презема засилени мерки и активности за поголем ред и безбедност со паркирањето во Тетово. Со несмалено темпо и динамика активностите ќе продолжат и во наредниот период, а во нивната реализација од 9 до 23 часот учествуваат и три „пајак-возила“, со цел навреме да се отстранат возилата кои го попречуваат непреченото и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот. Притоа, први ќе бидат санкционирани возилата оставени во зони на крстосници, на обележани пешачки премини, во зеленило и во „двојни редови“, појава која е често присутна, особено во централното градско подрачје на Тетово, информира Марјан Јосифоски, порпарол на СВР Тетово.

На сите возачи кои се соочиле со мерките, им се изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените парични глоби кои се движат од 25 до 180 евра, зависно од тоа каде било оставено возилото.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK