Во сообраќајна контрола на полицијата вчера на територијата на државава биле казнети 223 возачи за возење со брзина поголема од дозволената.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, 12 од нив возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
-Притоа 94 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 129 надвор од населено место, соопшти МВР.
Министерството укажува дека ќе продолжат сообраќајните контроли и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.