Казнети се 254 возачи во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Од МВР денеска информираа дека од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 139 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.
Најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.