Врховен ја одложи седницата за „Монструм“ за 14 јуни

vrhoven
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради барање на одбраната за изземање на двајца судии од Судечкиот совет, денешната јавна седница за случајот „Монструм“ во Врховниот суд се одложи. Според одбраната на обвинетите, двајцата судии, дел од Судечкиот совет, според списите од предметот, веќе одлучувале по истиот.







По ова барање, Судот, со објаснување дека нема увид во предметот којшто се однесува на двајцата судии, реши да ја одложи седницата за 14 јуни со цел да изврши увид и донесе решение.

Жалбите на петмината обвинети во случајот „Монструм“ беа одбиени како неосновани од Апелација, а првостепената пресуда беше преиначена само по однос на засметувањето на мерката притвор што ја поминале обвинетите.

Второстепениот суд ги потврди казните на осудените, односно доживотен затвор за Алил Демири и браќата Агим и Африм Исмаиловиќ. Со правосилната пресуда потврдена е и казната за Хаки Азири кој беше осуден на казна затвор од девет години, а Фејзи Азири на казна затвор од 15 години. Ослободителна пресуда доби единствено обвинетиот Сами Љута.

Петкратното убиство се случи на 12 април 2012 година кај Смилковското Езеро, кога беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски, како и рибарот Борче Стевковски. „Монструм“ имаше две судења, откако во 2017 година, Врховниот суд го врати случајот на почеток кај Специјалното јавно обвинителство. Обвинението го застапуваше обвинителката Фатиме Фетаи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK