Триесет и деветгодишната гостиварка Г.Н., вчера во 18 часот во СВР Тетово пријавила дека во спортска обложувалница во Гостивар, во која работела, едно лице побарало од неа да му размени 300 евра во денари.
Откако му ги разменила еврата, таа забележала дека банкнотите биле фалсификувани.
Полицијата соопшти дека случајот се расчистува.