Струшката полиција поднесе кривична пријава против Н.С.(25) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело лажно пријавување.
„На 19 декември, пријавениот лажно пријавил дека во фирмата каде што бил вработен од паркирано патничко моторно возило ‘опел’, сопственост на фирмата, била одземена чанта со пари, но всушност тој ги одзел парите и нанел штета на фирмата од 593.625 денари“, објави МВР во дневниот билтен.