Вчера попладне, во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на улицата „Загребска“ со улицата „Питу Гули“ во Скопје, патничко возило удрило во велосипед управуван од 55-годишниот Т.П. од Скопје и го напуштило местото, извести МВР.
„Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.