СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(57) од с.Горно Палчиште, општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизивикување општа опасност“.
На 18.12.2023 во Тетово, пријавениот со патничко моторно возило „фолксваген пасат“, кое го управувал, се качил на тротоар и ги довел во опасност пешаците кои се наоѓале на тротоарот, при што оштетил неколку столбови.