Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

soobrakajka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот М.М. од село Браилово-прилепско и товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот К.Т. од Скопје, извести МВР.

Во несреќата на местото на настанот починал М.М., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK