Во сообраќајна незгода тешко повредена штипјанка


soobrakajka-1-696x464.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера попладне во 16.00 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на регионален пат во близина на влез во село Бучиште, пробиштипско, патничко возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот М.Р. од Штип, излетало надвор од коловозот, извести МВР.


– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Р.(42) од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK