Вчера во 14.30 часот во реонот на с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода 47-годишниот Љ.М. од Куманово, извести МВР.
– При контрола на патничко возило „крајслер“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, било констатирано дека регистарските таблички се од друго патничко возило, сопственост на лице од Скопје, а кои биле пријавени за украдени во Полициската станица Драчево, соопшти МВР.
Возилото било одземено и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против лицето ќе следува соодветна пријава.