Полицијата вчера во сообраќајна контрола во Скопје санкционирала 152 возачи, од кои 87 поради возење со брзина поголема од дозволената.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 10 санкции се изречени за возење без возачка дозвола, 11 за возење под дејство на алкохол, осум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.