82-годишна жена била пронајдена почината во Охрид, соопшти полицијата.
Имено, на 14.05.2024 во 07.15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во соба во хотел во Охрид, каде престојувала, била пронајдена почината Р.В.Б.(82) од Аргентина.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Надлежните извршиле увид.