Во Гостивар приведен криминалец баран со потерница, осуден на 10 години затвор

655-402-zatvor-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Полицијата синоќа го приведе М.М.(42) од гостиварско Дебреше.

Тој бил осуден на 10 години казна затвор за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“, а бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на шест години од казната.

При приведувањето кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK