Вкупно 41 возачи се санкционирани во засилената акциска контрола во делот на сообраќајот што вчера во периодот од 18:00 до 23:00 часот беше спроведена на територија на општина Кисела Вода и Сопиште во Скопје.
Од нив, како што информира МВР, 18 се санкционирани за возење повеќе од дозволената брзина, три за возење без возачка дозвола, на четири им се изречени мерки за измината важност на возачката дозвола,…
Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат засилените сообраќајни контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.