Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 148 возачи.
Од нив 66 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 39 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 23 за управување возило без возачка дозвола, 4 за нерегистрирани возила, а санкционирани се и 16 мотоциклисти за неносење на заштитен шлем.