Вчера во 18.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Велес – Штип, кај село Сарамзалино, 51-годишниот Е.П. од Велес управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, извести МВР.
– Со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот и сопатникот Р.С.(39) од Скопје, констатирани во Итна медицинска помош Свети Николе, додаваат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.