Велешанец колабирал на улица и починал, сограѓанка се доближила и му го украла паричникот

veles-krazba.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Велешанка ограбила починат сограѓанин на улицата Илинденска во градот.


Според информациите од полицијата, морничавиот настан се случил вчера.

Се’ почнало кога 54-годишниот велешанец Т,Ѓ. трагично паднал на улицата  и починал. Тогаш до него се приближила 32-годишната сограѓанка Р.С. која му ги одзела парите што ги носел со себе.

Жената е задржана во полициска станица, а за настанот известен е јавен обвинител.

По документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава,  велат до СВР Велес.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK