Четириесет и петгодишен валандовец е приведен поради возење во алкохолизирана состојба.
Според информациите од полицијата, синоќа на автопатот Гевгелија – Демир Капија, тој со патничко возило „фиат“, со гевгелиски регистарски ознаки, застанал на лентата за престигнување со што ги довел во опасност останатите учесници во сообраќајот.
„Бил затекнат во неконтактибилна состојба и при укажување помош во Итната медицинска помош Неготино било констатирано дека има 3.53 промили алкохол во крвта, по што биле лишен од слобода“, велат од МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.