Убиството во Чаир се случило поради сообраќајна расправија, осомничени се осум лица од кои три се во бегство


ВМРО-ДПМНЕ-Незаконската-легализација-на-објекти-во-Чаир-е-последен-пример.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Осомничени се осум лица поради убиството во Чаир се случи ноќта помеѓу 10 и 11 февруари.


Од нив шест се гонат за убиство и обид за убиство, а другите двајца за помагање оти по настанот ги сокриле пиштолите за да им помогнат на дел од осомничените да не бидат откриени.

Убиството се случи на паркинг на улицата Втора Македонска Бригада, а претходела расправија поради сообраќајно недоразбирање кај поликлиника Чаир. Потоа, според информациите од Обвинителството, почнала вооружена престрелка меѓу две групи, при што првоосомничениот 28-годишник, со употреба на огнено оружје, со умисла го го убил Хебиб Буњаку и го довел во опасност животот на уште едно лице.

„Уште петмина осомничени исто така директно учествувале во престрелката, возвраќајки со дејствија на помагање и соизвршителство во убиство и обид за убиство. Последните двајца осомничени, по престрелката сокриле два од пиштолите користени во оружениот инцидент“, информираа од Обвинителството.

Предложен е притвор за двајца осомничени за  убиство и обид за убиство, како и мерка куќен притвор за уште еден од осомничените. Притвор е предложен и за двајцата кои се сомничат дека помагале.

По три лица полицијата се уште трага.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK