Вчера во 11.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода 21-годишниот Д.Н. и 26-годишниот Х.М., двајцата од Велес, извести МВР.
– Тие биле затекнати при купопродажба на дрога и се обиделе да побегнат, но набргу биле фатени и лишени од слобода. Кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин. Во 14.40 часот од слобода бил лишен и Л.М.(48) од Велес, кој бил со Д.Н. и Х.М., а претходно успеал да побегне, соопшти МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.